Името на Ема Вотсон најопасно на интернет

Според најновата студија на Мекафи името на Ема Вотсон е најопасно за вашиот компјутер доколку ја барате на интернет. Шансите дека ќе закачите вирус се проценети на 1 спрема 8. 

Многу сајтови ја користат Вотсонова за да ви се прикачат без да знаете и да ви ги украдат податоците што ги имате во компјутерот… Па затоа внимавајте. 

Мината година пак најопасно било да се пребарува името на Хајди Клум. Воглавно опасноста се крие во женски познати имиња. Ретко се случува тоа да е име на позната машка личност. 

Во минатото опасни имиња за претрага исто така биле и Џесика Бил, Ева Мендез, Хали Бери и Селена Гомез.

Пронајдете не на следниве мрежи: