Амбасадорот на САД во Либија и уште тројца службеници од амбасадата биле убиени во вторникот вечерта во напад чија цел бил автомобилот на амбасадорот во градот Бенгази, изјави либиски функционер во средата.
„Американскиот амбасадор и тројца службеници од амбасадата се убиени кога врз нив беше гаѓано со ракета“, изјавил функционер за Reuters.
Од амбасадата во Триполи еден службеник вели дека немаат информации за другите тројца убиени, но имаат потврда за само еден убиен.
Либиските власти велат дека амбасадорот на САД е убиен при неговото заминување по протестите во кои беше нападнат и американскиот конзулат во Бенгази, врз кој беше отворен и оган од рачни фрлачи на гранати, а убиени се и вработени.
Протестите беа организирани поради филмот пуштен во чест на одбележувањето на 11 години од нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк во 2001 година, а во кое според многу муслимани, како во Либија, така и во другите северноафрикански земји, бил навреден пророкот Мухамед.
Властите велат дека амбасадорот и тројца вработени во амбасадата се убиени кога возилото со кое заминувале било погодено со ракета.
Амбасадата на САД пратила воен авион да ги пренесе телата во Триполи, од каде треба да се вратат во САД.
Вооружени лица го нападнаа комплексот амбасади во Бенгази во вторникот вечер, судирајќи се со либиските безбедносни сили, кои се повлекоа под тежок оган. Напаѓачите пукале во зградите, додека други фрлале рачно изработени бомби во комплексот, што предизвика помали експлозии. Регистрирани се помали пожари.
Нападот уследи по протестите во соседниот Египет, каде демонстрантите се качија по ѕидовите на амбасадата на САД, го искинаа американското знаме, заради истиот филм што, како што велат тие го навредува пророкот Мухамед.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: