Претседателот на Ферари, Лука ди Монтецемоло изјави дека Серхио Перез сигурно нема да вози во неговиот тим следната сезона.
Според Ди Монтецемоло, Перез сé уште нема доволно искуство за да седне во црвениот болид.
„Прерано е Серхио да дојде кај нас веќе следната сезона. Тој одлично возеше во Монца, ние сме им благодарни на колегите во Заубер кои имаат големо влијание во тоа како се развива неговата кариера. Мислам дека сé уште нема доволно искуство за да седне во болидот на Ферари и да се носи со притисокот. Тој е млад возач и пред него е голема иднина“, рече Ди Монтецемоло.
Перез сезонава трипати избори место на победничкиот пиедестал, а на минатонеделната трка за ГН на Италија во Монца го освои второто место.
Следната трка во шампионатот на Ф1 ќе се вози во Сингапур на 23. септември.
Макфас
Пронајдете не на следниве мрежи: