Ватерполо репрезентацијата на Македонија ќе игра во Б групата во Светската лига, заедно со селекциите на Србија, Шпанија и Германија, соопшти Светската пливачка федерација (ФИНА).
Репрезентациите на Турција, Грција, Хрватска и Црна Гора ќе партиципираат во А групата, додека во Ц групата ќе играат Унгарија, Романија, Русија и Италија.
Сите репрезентации до ФИНА ќе треба да го потврдат своето учество, а натпреварите ќе стартуваат на 31. октомври.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: