Разурнувачот Ју-Ес-Ес Лабун веќе се приближил до либискиот брег, додека Ју-Ес-Eс МакФол е на пат кон Либија и во близина на брегот на оваа земја ќе пристигне за неколку денови.
Бродовите кои се опремени со проектилите од типот томахавк засега немаат конкретна мисија.
САД, претходно објавија дека во Либија ќе испратат тим од околу 50 маринци од антитерористичаката единица, по нападот во вторникот навечер, во кој покрај амбасадорот Кристофер Стивенс беа убиени уште тројца Американци.
Претседателот на САД, Барак Обама, по нападот, нареди зголемување на нивото на безбедност во сите американски дипломатски мисии.
Неименуван висок владин функционер изјавил дека персоналот во конзулатот во Бенгази е евакуиран во Германија и дека извесен број на американски дипломати е повлечен од Триполи.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: