Сомалискиот претседател преживеа атентат во хотел, каде што се состана со шефот на дипломатијата на Кенија, а одговорноста за нападот ја презедоа исламистичките бунтовници Ал Шабаб.
Една бомба експлодира внатре во хотелот, а друга пред влезот на хотелот. Во нападот загинале двајца војници од Сомалија и еден од Уганда, како и двајцата бомбаши самоубијци.
Претседателот на Сомалија Хасан Шеик Мохамуд, кој беше мета на нападот, остана неповреден.
Претседателот Мохамуд беше избран пред само два дена и од него се очекува да формира функционална влада која ќе успее да се пресмета со исламистичката паравојска Ал Шабаб, која ја презеде одговорноста за нападот.
макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: