Сопствениците на една перална за автомобили во Куала Лумпур, кои моментално се во притвор, се досетиле на многу интересен начин како да си го пробијат бизнисот и да станат најпосетуваната перална.
Осмислиле и оствариле соработка со елитен сериозен салон за масажа, па така секој маж или жена кои по десетти пат го носат автомобилот за перење, го праќале во салонот на бесплатна “масажа” (читај секс).
По само три месеци полицијата го открила ова епско разработување на бизнис па наместо да почне целата полиција да ги пере автомобилите таму, тие ги затвориле и пералната и салонот за масажа, а сопствениците веќе се во притвор.
Не е објавено колку луѓе веќе ги испрале своите автомобили во пералната, но со оглед на тоа дека траело три месеци можеме само да претпоставуваме.
Ете интересна идеја на идните бизнисмени во Македонија како побрзо да го развијат својот бизнис.
Пронајдете не на следниве мрежи: