Ѓоковиќ за хуманитарни цели собрал 1,4 млн. долари

 

Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, во Њујорк, во добротворни цели собра 1,4 милиони долари за децата во Србија.

Како што се наведува во соопштението кое го објави фондацијата, второрангираниот тенисер на АТП листата, бил домаќин на хуманитарниот настан на кој присуствувале „угледни личности од светот на бизнисот, модата, спортот и забавата“. 

„Презадоволен сум од својата прва хуманитарна акција на мојата Фондација. Иако таа постои веќе пет години, сега прецизно го насочивме нејзиното дејствување на поддршка во образованието на децата, пред сé, во мојата Србија“, рекол Ѓоковиќ. 

Српскиот тенисер истакнал дека со организација на вакви настани се насочува вниманието на јавноста на проблемите со кои се соочуваат сите општества.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: