Младиот Давид Бабунски настапи на дуелот против тимот на Тотенхем на „Вајт Харт Лејм“ на престижниот турнир за млади фудбалери „The NextGen Series“.
Нашиот фудбалер влезе во игра во 77-мата минута од мечот, кога веќе беа и конечните 0-2 на овој натпревар решени, Давид влезе во игра на местото на Нандо.
Интересно, коментаторот на „Еуроспорт“ кога се изврши замената, за Бабунски кажа дека овој млад фудбалер „доаѓа од Македонија…“ интересно, зар не?
Барселона со освоени 4 бодови од два дуела се наоѓа на првото место во Група 1.
Тимот на Бабунски го доби дуелот со 0-2, со двата погодоци на Сандро.
„Еуроспорт“ пред овој меч на својата официјална фан-страна постираше слика на Сандро и го постави прашањето „Следниот Меси? Следниот Иниеста?“. Станува збор за исклучително голем талент, останува на времето да покаже дали би можел еден ден да биде на рангот на еден Меси или пак Иниеста.
Пронајдете не на следниве мрежи: