Уапсен тинејџер што убил 50 луѓе во Мексико

Мексикански обвинител вели дека се води истрага за 16-годишен убиец, за кој се верува дека учествувал во најмалку 50 убиства, додека работел за мафијата за дрога, пренесува Reuters.

Портпаролот на обвинителството од североисточната држава Синалоа, вели дека тинејџерот, идентификуван како Франциско Мигел Н., бил дел од бандата позната како Лос Мезатлекос, криминална група поврзана со картелот за дрога Белтран Лејва.

Полицијата го уапсила тинејџерот заради носење полно оружје и дрога. Подоцна, тој признал дека работи како убиец за групата, се вели во соопштението на обвинителството.

Тинејџерот вели дека учествувал и во егзекуција на полицајци, фармери дури и музичари, од февруари наваму.

Шеснаесетгодишникот, познат како Ел Нињо или Момчето, вели дека му била дадена пушка калашников AK-47 и  пиштол за да ги употребува во различни напади во Синалоа, држава каде царува насилството покрај брегот, со долга традиција на шверц на дрога.

Синалоа е дом на силниот картел со истото име, предводен од најбараниот човек во Мексико, Жоакин Шорти Газман. Кога еднаш се поврзале со Газман, Белтран Лејва бандата се бори против него откако се одделиле од картелот Синалоа во 2008 година.

Многу тинејџери се уапсени како работат за бандите со дрога, во потрага за брза заработувачка.

Во јуни 2011 година, група од шест тинејџери, членови на бандата, се уапсени откако пукаа во полицијата во централно Мексико.

Жестоките борби меѓу бандите и нивните судири со безбедносните сили доведоа до тоа 55.000 луѓе да бидат убиени, за време на владеењето на претседателот Фелипе Калдерон.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: