Полицијата во Нови Сад прави обрач за монструмот во Сплит

Новосадската полиција го идентификувала и го лоцирала човекот за кој веруваат дека го поседувал дресот на ФК Милан со испишано име Рекси на грбот, осомничен за убиството на Мексиканката Селен Маргарит Грасијано Маседо на Марјан во Сплит на 25 август.

Полицијата во четвртокот во Нови Сад приведе повеќе лица на распит за убиството на 31-годишната девојка.

На приведените ќе им биде земена ДНК за споредување со материјалните докази.

Штом српската полиција ги добие потребните документи од хрватското Министерство за внатрешни, осомничениот ќе биде уапсен и одведен на сослушување.

Благодарение на информации од граѓаните, полицијата дозна дека дресот на италијанскиот фудбалски клуб го носел турист од Војводина, кој често бил во ресторанот „Медитераниум“ во Сплит.

Потоа полицијата во Нови Сад ги проверила сите сопственици на `шкода октавија`, автомобил со кој осомничениот дошол на хрватското крајбрежје.

Бруталното убиство ја вознемири хрватската јавност. Убиецот на Мексиканката и’ го пресече вратот, со што речиси и ја пресече главата, а потоа телото го прекрил со хумус и лисја, а во близина закопал и ранец во кој се најдени нож, самолеплива лента, четири сендвичи, два фотоапарати од девојката и дресот на Милан, натопен со крв.

макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: