Алкохолен хороскоп: Кој пијалок е идеален за вас според вашиот хороскопски знак

Алкохолен хороскоп: Кој пијалок е идеален за вас според вашиот хороскопски знакЈарец
Јарците се практични, внимателни, тврдоглави и помалку резервирани. Ако се решат за луда забава, често ќе пијат и вода помеѓу останатото за да ја задржат контролата врз себе си. Тие не се добро друштво по неколку чаши повеќе , бидејќи тогаш од нив излегува нивниот песимизам и црни мисли. Најдобар пијалок за Јарец е бело вино.
Водолија
Идеален пијалок за дивите, ексцентрични и забавни Водолии е текилата во сите нејзини облици. Сакаат да ја пијат чиста, помешана со сок или во коктел. Таа ќе им загарантира многу забава во текот на ноќта, но, сепак треба да внимаваат на количината, бидејќи се склони кон неодговорно однесување кога се под дејство на алкохол.
Риби
Рибите се чувствителни, нежни и не се комуникативни, па пијалокот кој нив може да ги стопли а истовремено да „им го одврзе јазикот“ е „White Russian”. Коктелот се состои од вотка и ликер од кафе.

 

Овен
Припадниците на овој знак се авантуристички настроени, динамични и иновативни. Тие сакаат да пробуваат нови работи, па тие постојано ќе пробуваат нови коктели. Важно е коктелите да не бидат премногу благи, а вообичаено им здосадуваат доколку ги пијат многу често.
Бик
Биковите се весели, пријателски насочени луѓе кои уживаат во забавите со блиските пријатели. Подобро се забавуваат во познато друштво отколку во група на непознати личности. Сепак, го ценат луксузот, па со задоволство би посегнале по добра чаша виски.  Треба и да внимаваат на количината.
Близнаци
Многу се комуникативни, отворени и лесно се прилагодуваат секаде. Под дејство на алкохол флертуваат и разговараат со странци. Идеален пијалок за нив е црното вино во сите облици.

 

Рак
Тие се имплусивни и многу емоционални, често менуваат расположение и под дејство на алкохол знаат да се однесуваат театрално. Сакаат добро црно вино но и благ ликер од овошје.
Лав
Лавовите се великодушни, забавни и креативни, големи љубители се на алкохолот. Идеалниот пијалок за нив е џин. Алкохолот само ја потикнува нивната симпатична, забавна страна. Токму затоа се омилени во друштвото.
Девица
Тие се прекрасни луѓе, ретко пијат комплицирани пијалоци. Нивната омилена комбинација е џин и тоник. Едноставна мешавина без дополнителни калории.  Доколку претераат со пијалокот може да ја покажат својата агресивна страна.

 

Вага
Дури и во најтешките моменти, припадниците на овој знак ја контролираат ситуацијата. Тие се луѓе кои добро се забавуваат. Нивниот идеален пијалок за нив е мартини. Ретко претеруваат со алкохолот.
Скорпија
Тие се одлучни и моќни. Исто така може да бидат посесивни и љубоморни, што доведува до внесување на поголеми количини на алкохол. На нив совршено им одговара чаша добро виски или вотка. А, ако пијат, пијат во голема количина.
Стрелец
Сакаат слобода, искреност и отвореност. Па токму таков пијалок и совршено им одговара, секако совршено за нив  е пивото. Исто така обожаваат и благи ракии. Често се случува да мешаат повеќе пијалоци.Јарец
Јарците се практични, внимателни, тврдоглави и помалку резервирани. Ако се решат за луда забава, често ќе пијат и во

Пронајдете не на следниве мрежи: