Даштевски: Двојазичност веќе има таму каде што треба

Деструктивната политика на Зоран Заев може да ја доведе Македонија до федерализација. Идејата за двојазичност на целата територија од земјава, може сериозно да го доведе во прашање идентитетот на македонскиот народ и држава. Ова е ставот на Граѓанското Движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) искажан на денешната трибина во Прилеп.Александар Даштевски нагласи дека Граѓанското движење ќе се појави секогаш кога е потребно за одбрана на Македонија.
– Сметам дека е вистинско време да реагираме зашто оваа недела Зоран Заев се обиде да го редефинира Охридскиот рамковен договор кое е завршено прашање и ќе предизвика тензии. Охридскиот рамковен договор ги надминува меѓународните стандарди за почитување на човековите права и за употребата, пред се, на јазикот. Тоа го сметаме за затворено прашање и ова што го прави сега Заев е повторно отворање на едно прашање кое е затворено. Во спротивно се заоструваат меѓуетничките односи што пак може да создаде конфликт. Таму каде што треба двојазичност веќе има, изјави Даштевски.
ГДОМ најави дека ќе одржи трибини и во другите поголеми градови во земјава.
Александар Даштевски нагласи дека Граѓанското движење ќе се појави секогаш кога е потребно за одбрана на Македонија.
– Сметам дека е

Пронајдете не на следниве мрежи: