Неделен хороскоп 08.08-14.08.2016

Неделен хороскоп 08.08-14.08.2016Овен
Со промисленост и одредена доза на мудрост, можно е правилно да ги заштитите своите работни интереси на различни страни. Без оглед на факторот на изненадување или непријатност низ кој поминувате, секогаш постои потенцијано добро решение. Соработниците го почитуваат вашето професионално знаење и способности.
Бик
Ве очекуваат добри работни шанси, на вас е да осмислите заедничка акција и правилен распоред на потези. Взаемната доверба и согласност околу изборот на основните интереси, претставува предуслов за позитивни резултати на различни страни. Поттикнете кај себе креативна радозналост и посветете внимание на нови информации, кои можат да го унапредат вашето професионално сознание.
Близнаци
Во однос на останатите соработници се наоѓате во сјајна психо-физичка форма и имате големи очекувања. Понекогаш ги преувеличувате своите можности и сакате да управувате над сите работни случувања. Важно е правилно да ја изразите својата професионална улога и способности, но и да сочувате добар соработнички однос.
Рак
Се наоѓате во креативна фаза и имате интересни работни идеи, понекогаш соработниците не можат да го пратат вашиот творечки ритам. Работното превирање и засилената динамика доведува до различни несогласувања при изборот на основните интереси, но тоа нема да ви пречи да ги остварите своите намери.

 
Лав
Поминувате низ динамичен работен период во кој ве пратат различни дилеми, но со дополнителна упорност и трпение може да воспоставите подобра контрола во многу ситуации. Избегнувајте соработка со непознати лица и не дозволувајте некој да ве наведе на погрешна одлука.
Девица
Соработниците не покажуваат голем интерес за вашите оригинални идеи, потрудете се да го насочите своето внимание кон основните цели. Сочувајте ја својата енергија и концентрација за ситуациите во кои се решваат важни прашања. Потребно е подобро да се прилагодите на различните услови на успешното работење. 
Вага
Делувате многу амбициозно и се обидувате да остварите позитивни резултати на различни страни. Важно е правилно да ја насочите својата креативна енергија и да остварите перспективна соработка. Постојат ситуации кои сјајно ги решавате индивидуално, но проширените службени контакти и соработката се неопходни за долгорочен успех.
Скорпија
Нови случувања на работната сцена наметнуваат засилена динамика, ве затекнуваат различни обврски за кои мора да имате доволно концентрација и силна волја. Поттикнете кај себе смисла за вистински вредности и поставете нови работни критериуми во зависност од актуелните случувања.

 
Стрелец
Внимателно ги анализирате новите случувања, важно ви е да бидете добро информирани за се што се случува на работната сцена. Новите информации отвораат различни можности за работење, постојат добри услови да остварите успешни контакти. Потребно е да ги преиспитате своите соработнички врски, употребете „успешна формула“ која донесува најдобри резултати.
Јарец
Се наоѓате во креативна творечка фаза и имате нескромни очекувања. Големи амбиции може да ве поттикнат на дополнително залагање и на сериозни работни одлуки. Потребно е реално да ги процените своите можности. Доколку премногу се експонирате без добар повод, тоа може да резултира со негативни ефект меѓу соработниците.
Водолија
Ангажирани сте на различни страни кога станува збор за водечките улоги и практичните цели, но немате доволно концентрација да тактизирате во разните фази на службените преговори. Бидете внимателни во комуникацијата со соработниците, бидејќи погрешните информации може да ве наведат на лоша работна проценка.
Риби 
Од новите информации очекувате поволни услови или можност за успешна сатисфакција на работната сцена. Важно ви е да ги демонстрирате своите професионални способности во различни ситуации и пред соработниците кои поседуваат големо искуство. Овен
Со промисленост и одредена доза на мудрост, можно е правилно да ги заштитите своите работни интереси на различни стра

Пронајдете не на следниве мрежи: