Променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи, краткотрајно засилен ветер и појава на град во попладневните часови, најавуваат за денеска од Управата за хидрометеролошки работи.Претежно нестабилно ќе биде на југот од Македонија.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 25 до 31 степен.
Во Скопје претпладне ќе биде нестабилно со зголемена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 6.
Утре се очекува стабилизирање, но ќе има и услови за појава на краткотраен дожд, особено кон југоистокот.
За време на викендот ќе преовладува стабилно претежно сончево време со повисока температура.Претежно нестабилно ќе биде на југот од Македонија.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 25 до 31 степен.