364 дена во годината лажеме без да кажеме дека сме излажале, само на 1ви април признаваме… тоа што сакаме да го признаеме.Некој ќе го зае*еш и ќе му кажеш „априлилили“, ама само денеска, инаку другите денови си останува за*бан. Мора да се потенцира дека не за секоја лага на 1ви април ќе кажеш „априлилили“, туку само за оние несериозните, за зае*анциите, за оние сериозните „од животно значење“, пак си лажеме бескомпромисно, ама не само за 1ви април, туку 366 дена во годината, 13 месеци годишно, 8 дена во неделата 25 часа на ден.
А кога сме кај лагата, животот би ни бил тапа без лажење, досадно, без трач, љубопитност, без нервоза и без сите занимливи работи кои произлегуваат од лагата. Мислам дека во природата ни е да бидеме преваранти, некој повеќе некој помалку.
Како да очекуваме да бидеме меѓусебно искрени кога ние самите не можеме да си веруваме, сами ние си се лажеме, па не другите.
„Од утре сто посто почнувам со вежбање“ или „Од утре мора да намалам со јадење, не бива вака, или ај од понеделник“.
Не се самолажеме во сферата на тежината, туку, на пример имаш и „од утре почнувам со учење, секако!“. Секако дека нема да почнеш со учење.
Љубов, многу битна ствар. Некоја ти се допаѓа до немајкаде, ти се дига, те мава по чело и ти ничкум на земја и кога ќе ја видиш не знаеш што да и кажеш. Затоа, таа не те е*е ни 2 посто, ама оти знае дека си жив загреан по неа, таа од култура те е*е 0,2 посто, колку да те држи на кумплунг цело време да трчаш по неа. И ти сфаќаш дека така стојат работите и си викаш „Абе кој ја е*е бе, не ме интересира, што сака нека прави, како последна да е“. Леле, не само што сам се лажиш туку и сам си се заебуваш како никој што не може да те зае*е, ти бетер и бетер мислиш на неа и дење и ноќе, во сон и на јаве… на ова посветив повеќе време, бидејќи младината секогаш е „ин“
Многу јако ми е кај нас што има Вевчански карневал, па Струмички карневал, па Прочка карневал, и сезоната се заокружува со Првоаприлските карневали. Всушност кај нас, најисплатливо ти е да бидеш кројач на костими за маскирање. Ама им годи на луѓето да избегаат од маските во кои живеат цело време и да си се „преправат“ во тоа што навистина сакаат да бидат. Па гледаме, бизнисмени, војници, доктори, француски убавици, проститутки и така натаму и така секоја година уживаме да бегаме од маските на реалноста.
Уживајте во 1ви април додека блиските ви кажуваат дека ве излагале и слатко се смешкаат. Вие речете им да ви ги кажат и другите лаги што ви „ги врзале“ во текот на животот, па одма тука да добиеш „молам, јас тебе?“
Да си ги исчистеме сами лагите што сме си ги кажале, нешто како во овие претходниве примери, па во некој нареден живот ќе стигнеме и до лагите што сме му ги кажале на нашите блиски.
Се зае*авам бе, текстов е првоаприлска шега, не го мислам ова вистина, или го мислам… или што е важно што мислам, денеска маскиран сум во мислител!
Г. АнгелескиНекој ќе го зае*еш и ќе му кажеш „априлилили“, ама само денеска, инаку другите денови си останува за*бан. Мора да се потенцира дека не