Најниска фиксна и променлива каматна стапка на станбен кредит нуди Силк Роуд банка. Станува збор за фиксна каматна стапка од само ЕУР 2,9%/, за првите 3 години и променлива каматна стапка од 5,85% за останатиот период. Покрај најниската каматна стапка, станбениот кредит на Силк Роуд Банка нуди и низа други поволности кои овој кредит го прават достапен за секого. Во промотивниот период до 31 март, кредитот може да се добие без надоместок за аплицирање, без трошоци за администрирање на кредитот и без трошоци за проценка на имот, ова е моментално најповолниот станбен кредит во земјава од Силк Роуд Банка.„Како банка сме приврзаници на модерните принципи во банкарското работење и создавање на производи што се многу подостапни и вистински поволни за граѓаните. Во нашето работење потребите на граѓаните се ставени во преден план и овој станбен кредит со ниската каматна стапка и останатите поволности за одобрување го потврдува токму тоа. Со ставање во функција на сите ресурси на банката и понатаму остануваме на истата патека, преку иновативност и флексибилност подобрување на нашите производи со што ќе oстанеме банка блиска до граѓаните и воопшто банка што ќе влијае за подобрување на пазарот“, изјавија од Службата за производи и поддршка на продажбата
Со станбениот кредит можете да аплицирате за сума до 150.000 евра, со максимален период за отплата до 30 години. Пред одобрување на кредитот е за еден ден, а одобрените средства можат да бидат наменети за купување нов стан или куќа, за реновирање, за купување градежни материјали, како и за рефинансирање станбени кредити од други банки.
Граѓаните можат да аплицираат преку експозитурите на Силк Роуд Банка, каде можат да ги добијат и подеталните информации. Промотивниот период за аплицирање за кредитот и со тоа за одобрување без провизија е најдоцна до 31ви март. „Како банка сме приврзаници на модерните принципи во банкарското работ