20-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат.
На 23.12.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, кај село Калуѓерица, патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од С.М.(20) од село Оризари, кочанско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип, информираа од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.