Дали знаете колку држави во Европа имаат само една граница, зошто во Того мора да се жените ако и доделите комплимент на дама и зошто во канадскиот Глендон луѓето се воодушевуваат на џиновска кнедла!
Прочитајте 20 занимливости, а можеби ќе ви затреба во некој квиз, никогаш не се знае!
- Тонга е единствена монархија на Пацификот
- Зборот Аллаху Акбар на Иранското знаме се повторува 22 пати
- Седумте најголеми држави во светот – Русија, Канада, Кина, САД, Австралија, Бразил и Аргентина, заземаат половина од светската територија
- Само шест држави во Европа се граничат само со една држава – Португалија, Ирска, Сан Марино, Данска, Ватикан и Монако.
- На централниот плоштад во канадскиот град Глендон стои неговиот симбол – кнедла висока 9 метри и тешка 2700 килограми.
- Лондонската верзија на Вол Стрит се вика Ломбард Стрит.
- Во државата Того, ако маж и додели комплимент на жена, мора и да ја ожени.
- Петте квартови на градот Њујорк се: Бронкс, Бруклин, Квинс, Статен Ајленд и Менхетен.
- Најголемата пустина во Европа е сместена меѓу реките Волга и Урал.
- Јапонија има над 3900 острови.
- Делтата на реката Ганг е најголема делта од сите реки на светот.
- Во САД постојат три града Перу и девет града Париз.
- Помалку од еден отсто од Карипските острови се населени.
- Од 25 највисоки врвови на светот, 19 се наоѓаат на Хималаите.
- Најстуден главен град на светот е Улан Батор во Монголија.
- Дури 336 реки се влеваат во Бајкалското Езеро.
- Последната ерупција на вулканот Фиџи во Јапонија била во дамнешната 1707 година.
- Најголеми пристаништа на светот се: Ротердам, Сингапур, Кобе, Њујорк и Њу Орлеанс.
- Куба е единствен остров во Карибите кој има железница.
- Првиот главен град на Русија бил Ладога.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.