20 СТЕПЕНИ: Пролетни температури среден зима!

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а долж Повардарието од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 17 степени.
И во наредните денови продолжува периодот на стабилно и топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста, со умерен до засилен ветер од северозападен правец и благ пад на дневните температури.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.