Дваесетгодишен припадник на албанските вооружени сили е убиен попладнево во Корча, по конфликт меѓу неколку лица кој завршил со употреба на огнено оружје.
Инцидентот се случил околу 16:30 часот на улицата „Виктор Ефтимиу“, во населбата бр. 15. Жртвата, идентификувана со иницијали Ј. З. жител на Корча.
Според полицијата, осомничениот за убиството бил идентификуван, но веднаш по пукањето го напуштил местото. Полициските служби го опколиле подрачјето и преземаат мерки за негово пронаоѓање и апсење.
Три лица за кои постои сомнение дека биле вмешани во конфликтот се приведени во полициска станица, каде што се преземаат дополнителни дејствија.
Истрагата продолжува под раководство на Обвинителството, со цел да се утврдат сите околности и одговорноста на инволвираните лица.



