20 дена јадев тиква: Еве како ми го подобри здравјето!

Не верував дека вакво нешто ќе се случи, но сакав тиква и издржав да ја консумирам секој ден 20 дена.
Неодамна, навистина се за заљубив во тиква. Изминатиов месец ја користев постојано во јадењата. А, пред неколку недели, на Интернет ги прочитав здравствените придобивки од тиква. Се чини дека е полна со витамини и минерали кои ја обновуваат секоја клетка во телото.
И заради тоа, решив да спроведам експеримент: ќе јадам тиква 20 дена, секој ден, па ќе видам како тоа ќе ми го подобри здравјето
Никогаш не сонував дека првите позитивни резултати ќе дојдат толку бргу. Еве што се случи:
Деновиве за вечера подготвував тиква, така што ја лупев, сецкав на коцки и запекував во рерна. Беше превкусна!


За 20 дена:
Ги решив 3-те килограми кои секогаш ми беа вишок. Тоа е затоа што тиквата содржи голема количина на растителни влакна, кои го заситуваат организмот и долго време го имате тоа прекрасно чувство на исполнетост во стомакот. Самата тиква е нискокалорична, така што таквата вечера не ја расипува фигурата. Кожата на лицето се затегна и блескаше. За тоа сигурно придонесе тиквата, која го чисти телото од отрови и разни токсини, а нашето лице само го рефлектира она што се случува во нашето тело.
Моето варење се подобри, што значи дека столицата се нормализира. Претходно, овие проблеми честопати ми пречеа, но тиквата се чини дека ги реши.
Мене ми изгледа дека тиквата ми го подобри и видот. Т.е. откако работам на компјутер, имам проблеми со тоа што ми се „мати“ видот. Но, бидејќи јадев тиква, не ги чувствував овие проблеми
Овие причини беа доволни за да одлучам да продолжам да јадам тиква што е можно почесто. Еве неколку рецепти кои со задоволство ќе ги споделам со вас:
Крем чорба од тиква:
Потребно е: 1 кромид, 2 чешниња лук, 1 морков, 1 компир, половина килограм исчистена тиква, вода, зачини.
Подготовка: На малку масло, исечете го кромидот и лукот и додадете го остатокот од зеленчукот. Истурете вода и оставете да се вари околу половина час. Потоа, измешајте го зеленчукот со миксер, претворајќи го во пире. Додадете зачини и сервирајте!
Рижото со тиква:
Потребно е: 1 шолја ориз, 1 чаша исчистена тиква исечена на коцки, 2 чаши пилешка супа (или вода), 1 мал кромид, 1 чешне лук, 1 поголем морков исечен на коцки, 1 чаша пченка (шеќерка); 2 лажици маслиново масло; малку сол, бибер, куркума.
Подготовка: Во маслото испржете го кромидот и лукот, а потоа додадете моркови, тиква и пченка. Додадете малку вода, па крчкајте. Потоа додадете ги оризот и зачините. Промешајте. Истурете пилешка супа или вода и оставете да врие. По 10 минути, тргнете ја од ринглата.
Шпагети со тиква:
Потребно е: неколку лисја жалфија, половина килограм исчистена тиква, 2 чешниња лук, малку сол, бибер, куркума, вода, масло и шпагети.
Подготовка: Жалфијата запржете ја во маслото и додајте исечена тиква на коцки. Потоа додадете малку лук. Истурете вода и оставете тиквата да врие околу 20 минути. Кога ќе се свари, додадете зачини и направете пире од тоа. Потоа, направете ги шпагетите и во нив ставете го преливот од тиква. Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.