Ако Девицата ви ја подари својата доверба, никогаш немојте да ја изневерите таа доверба, инаку ќе ја изгубите засекогаш. Луѓето родени во овој знак имаат премногу очекувања и на крајот често се разочарани.
Но, кога тие говорат, другите мораат да слушаат, затоа што зборовите на овој знак имаат поголема тежина од сите останати. Овие луѓе знаат како секогаш да одат со високо исправена глава и насмевка на лице, дури и кога минуваат низ тешки периоди. Им пречат секакви ситници, особено глупостите на луѓето.
Она што ги разликува од останатите знаци е тоа што наместо да зборуваат зад вашиот грб, тие отворено ќе ви кажат што мислат. Тие не се толку страствени како други знаци, но со својата љубов можат да излечат скршено срце. И покрај нивниот невин симбол, тие имаат најсилна сексуална сила од сите хороскопски знаци.
Во продолжение прочитајте ги 20 принципи до кои се придржува секоја Девица:
Имаат вроден инстинкт и способност да ги откачат луѓето кои им го уништуваат расположението.
Никогаш не би се обиделе намерно да повредат некого.
Сарказмот не е однесување, туку уметност, а Девиците се Пикасо во оваа уметност. Затоа секогаш мораат да го имаат последниот збор и обично тој збор е саркастичен.
Девиците привлекуваат со својата префинетост, суптилност и шарм. Нема ни да забележите дека сте заведени.
Не бараат совршенство, бараат искреност.
Размислуваат за минатото и работите кои тргнале во погрешен правец и се грижат за тоа што ќе донесе иднината.
Тие не можат лесно да престанат да мислат на нешто, затоа што нивниот мозок секогаш е во движење.
Ако изберат некоја личност, тој/таа треба да се чувствува посебно, затоа што нивните стандарди се прилично високи.
Тие забележуваат сѐ, дури и најмалите детали.
Не се комплицирани личности и не бараат премногу. Се радуваат на ситници.
Љубат силно, но ако престанат да сакаат некого, нема враќање назад.
Никогаш не откриваат сѐ. Некои тајни мораат да останат скриени.
Кога ќе ве фатат во лага, не барајте прошка. Во тој момент сте завршиле со нив.
Тие го гледаат и доброто и лошото кај луѓето, но сепак одлучуваат да ги сакаат.
Сакаат да работата. Не можат да седат и да не прават ништо.
Попрво ќе се преправаат дека сѐ е во ред, отколку да ги заморуваат луѓето со своите проблеми.
Знаат дека се силни, но не значи дека никој не треба да им каже дека се гордее со нив.
Нивните тешки зборови можат да повредат нечии чувства, но нивната тишина може да ви го скрши срцето.
Не можат засекогаш да чекаат. Ако треба да чекаат, губат интерес.
Мразат кога луѓето непотребно ги допираат нивните работи, не сакаат тврдоглави, дрски и арогантни луѓе, како и луѓе кои постојано се жалат.