20 начини да бидете посимпатични за луѓето во околина

Сите сакаме да им се допаднеме на другите. Па, што е тоа што некои луѓе ги прави похаризматични од останатите?
Овие 20 совети и мали промени може да ви помогнат да бидете посимпатични во очите на другите:
– Користете позитивни зборови и реченици.
– Понудете помош, дури и кога тоа не се бара од вас.
– Бидете дарежливи, посебно со храната, но и останатите работи кои ги имате во изобилие.
– Не викајте додека зборувате.
– Слушајте без да критикувате и осудувате.
– Не се фалете. Најбрз начин да им станете одбивни на луѓето е да се фалите колку сте супер.
– Смејте се сами на себе.


– Не ги исмејувајте другите.
– Не бидете лепенка. На сите им треба време за себе.
– Грижете се за сопствената хигиена и мирисот кој го носите со себе.
– Дајте комплимент, но само ако го мислите. Лажните коментари се проѕирни.
– Не трачарете многу. Интересно е да споделите некоја информација, но не претерувајте.
– Бидете достапни и отворени за разговори и договори.
– Зборувајте кратко, јасно и прецизно за луѓето лесно да ве разберат.
– Паметете ги имињата на луѓето и повторувајте ги кога им се обраќате.
– Покажете сличност со личноста со која зборувате.
– Непроверените информации држете ги за себе.
– Не ветувајте премногу. Луѓето не веруваат на зборови.
– Заземете став за своите уверувања, но не ги наметнувајте.
– Иницирајте дружби. Поканете ги луѓето на кафе, ручек, вечера или настан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.