1. Кога излегувате од автобус, а картата сè уште ви важи, дадете ја на некој што влегува.
2. Повикајте ја пријателката со која долго време не сте се виделе и приредете ѝ некакво изненадување.
3. Исчистете го снегот пред влезот на соседите, кои не можат тоа сами да го направат поради старост или болест.
4. Волонтирајте барем еден ден.
5. Заедно со вашето дете направете селекција на играчките од неговата соба, со кои повеќе не си игра и донирајте ги на деца кои немаат.
6. Истото направете го и со вашата облека, која повеќе не ја носите. Покрај тоа што ви зафаќа голем простор од гардероберот, некого многу ќе израдува, а овој гест ќе ве направи и вас многу задоволни.
7. Сетете се на оние кои најголем дел од времето го поминуваат со вашето дете – учителка или дадилка и заблагодарете ѝ се за тоа што го прави. Тие тоа не го слушаат често.
8. Направете или купете сад за храна за птици и закачете го на најблиското дрво. Птиците ќе ви бидат благодарни.
9. Отпадот од секојдневието, сместете го во соодветните контејнери за рециклирање.
10. Ако имате книги кои повеќе не одговараат на вашиот вкус, донирајте ги во локалната библиотека.
11. Ако знаете дека од контејнерите близу вашата зграда, луѓе собираат пластични шишиња, закачете ги на контејнерот, за да не мора да пребаруваат во него.
12. На некој бездомник купете му капа, храна или топли ракавици.
13. Ако знаете дека во вашето соседство има семејство на кое му треба помош, организирајте соседска акција за собирање на добротворни прилози или намирници за нивниот божиќен ручек.
14. Ако видите дека личноста позади вас во продавница има помалку намирници од вас, препуштете ѝ го редот неа.
15. Замолете некој од вашите блиски да ви покаже како се прават традиционални божиќни колачиња. Ќе се воодушеват од пренесувањето на знаењето.
16. Почувајте го детето на вашата пријателка или роднина на неколку часа, за таа да може малку да се одмори.
17. Напишете позитивна порака и закачете ја на автомобил на некој кој не го познавате. Ќе предизвикате насмевка на лицето кога ќе ја види.
18. Сами направете подарок за својата најсакана личност.
19. Ако знаете дека некој кој ќе биде сам на Бадник или Божиќ, повикајте го на вечера. Многу е тешко кога од разни причини мора сам да ги поминеш празниците.
20. Вдомете куче или маче. Животното ќе ви возврати со својата безрезервна љубов.