20 слатки животни задоволства

  1. Смешно сопнување на некој ваш пријател. Како што пешачите со вашиот пријател по улица, тој прави некој невообичаен чекор, поради кој убаво се сопнува и паѓа на задник. После неколку секунди станува, го исправува телото како пушка и се преправа како ништо да не се случило. Ова може да биде премногу смешна глетка, се разбира доколку никој не е повреден.
  2. Слушањето на вистинската песна во вистинскиот момент. Не е важно дали станува збор за ситуација кога се чувствувате среќно, тажно, исполнето, разочарано или заљубено, нема поубаво чувство од слушањето песна која ги пресликува вашите моментални емоции и му дава смисла на вашиот живот во целина.
  3. Првата голтка од пијалакот кога сте многу жедни. Само што се вративте од џогирање и сè што ви се врти во глава е чаша студена вода. Кога сте навистина многу жедни, првата голтка од чашата е вистинско блаженство.
  4. Ситуација во која со некоја личност кажувате истовремено иста реченица. Пред ова да се случи, најчесто има момент на тишина и после одненадеж, вие и вашиот соговорник истовремено го изустувате истиот редослед на зборови. Овие моменти се ретки и необични и секогаш успеваат да нè расположат.
  5. Чувството кога ќе сфатите дека имате уште време за спиење. Нешто изненадно ве разбудило и вие си мислите дека секој момент ќе заѕвони и вашиот аларм, бидејќи дошло време за станување. Но, го погледнувате часовникот и сфаќате дека имате уште 2 часа за спиење. Наеднаш ве облева нежно чувство на задоволство и подвиткани во ќебенцето, со задоволство се враќате назад во вашите соништа.
  6. Чувството кога вашата идеја станува реалност. Цел ден сте се мачеле обидувајќи се да решите некаков проблем, но едноставно не ви успева. Обземени од фрустрацијата, решавате да пробате уште една идеја, пред да се откажете. Токму таа идеја е вистинското решение на вашиот проблем и вие задоволни и исполнети си легнувате да спиете.
  7. Чиста, свежа постела на вашиот кревет. Изморени од напорниот ден, си легнувате в постела и сфаќате дека утрово ја заменивте со чиста, која мириса на омекнувач за алишта. Задоволни си легнувате, чувствувајќи се чисто и убаво, како никој досега да не легнал на тој кревет.

Текстот продолжува на страна 3 подолу:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.