20 дена протести, народот во одбрана на државата

Дваесетина дена улиците низ градовите ширум Македонија се полни  со граѓани кои решија да застанат во одбрана на унитарноста на државата и јасно и гласно да кажат „НЕ“ на постоизборните договори и Тиранската платформа со која се загрозува унитарноста на државата.Се започна од гостувањето во Сител и повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски до народот дека земјата е нападната, дека политичарите веќе не можат да ја бранат во ситуација кога веќе ВМРО има само 51 пратеник, а СДСМ е на другата страна и дека во таква ситуација потребно е народот да си ја одбрани државата.
-Се соочуваме во ситуација во која таа унитарност е нападната, а со тоа и државата. Народот е тој кој што може да ја одбрани. Кога државата е нападната само народот, е тој кој што може да ја одбрани, истакна Груевски.
Се чини тоа беше искрата и 20 дена подоцна е сосема јасно дека слабеењето на државата има за крајна цел промена на името на државата.
Нападот на државата е со главна цел- промена на името и идентитетот, а второстепено двојазичноста и федерализацијата која ќе се постигне со Тиранската платформа. Во меѓувреме ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да му ги стави на располагање своите 51 пратеник на СДСМ, да формира влада без во неа ВМРО-ДПМНЕ да има свои претставници, но со услов да се откаже од платформата од Тирана. Беше понудено и ако сака Заев да го уапси Груевски преку нивниот инструмент СЈО и пак ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува за сите закони освен платформата.
По тој јавен повик , народот ја разбра пораката и сериозноста на ситуацијата, демонстрираше и доверба и капацитет да го разбере историскиот момент дека ова е денот кога треба да се стане на нозе и одлучи јасно да покаже дека оваа земја е негова и е подготвен да се бори со секого за да си ја зачува. Веќе од следниот ден народот масовно и постојано секој ден излегува и се бори за опстанок на сопствената држава.
Веќе 20 дена без прекин и по сонце и на дожд и со ветер и на постудено време, народот демонстрираше отпор кон планот направен од надворешни центри, а за неговата земја.
Вчера се протестираше во 33 градови. 150.000 граѓани излегуваат на улица секој ден. И бројот на луѓе кои излегуваат расте секој ден, на улиците со црвено-жолта боја се луѓе од сите партии и непартиски, од сите националности и вери. И немаат намера да запрат додека сценаристот и Заев не се откажат.
Барањата им се јасни: Нема да дозволат формирање на влада која ќе работи по тиранска платформа, не за двојазичност на целата држава, , не за федерализација. Наспроти народот тврдоглаво оди Заев кој упорно сака да ја оствари тиранската платформа која е документ за федерализација на државата.Се започна од гостувањето во Сител и повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски до народот дека земјата е нападната, дека политичарите

Пронајдете не на следниве мрежи: