И 20 години по снимањето и првото прикажување, „Титаник“ воодушевува со својата приказна.Утре се одбележуваат 20 години откако гледачите за прв пат видоа како Роуз не успеа да го одржи ветувањето кое му го даде на Џек дека „никогаш нема да го пушти“.
Годишнината ширум САД се одбележува во повторно прикажување на филмот, а гледачите се упте тагуваат за судбината на младите љубовници кои во филмот ги играат Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет.
-Приказната за Титаник има вонвременски квалитет. Изгледа дека живее над нашето секојдневие и тоа е фасцинантно, вели по повод годишнината, режисерот Џејмс Камерон.
Титаник влезе во филмската историја освојувајќи 11 Оскари, вклучително за најдобар филм и режија.
Со заработка од 2,2 милијарди долари беше најуспешен филм на сите времиња, додека во 2009-та година местото не го зазема Аватар, повторно во режија на Џејмс Камерон.
Иако филмот трае 195 минути, доби брилијантни критики, а насловната песна „My heart will go on“ и донесе глобален успех на Селин Дион.
Камерон (63) денес вели дека на продуцентите во Фокс идејата им ја продал преку најкратката презентација во историјата. Им покажал голем и раскошен цртеж на блескавиот Титаник кој полека тоне.
-Им кажав само пет зборови: „Ромео и Јулија на него“, вели режисерот.
На почетокот на снимањето во 1996 година, Ди Каприо имал 21, а Винслет 20 години.
-Многу брзо се усогласија и си даваа меѓусебна поддршка за време на снимањето, вели Камерон.
Продукцијата била од епски рамери. Чинела 200 милиони долари, со 800 членови на филмската екипа и 1.000 статисти.
За потребите на филмот била изградена реплика на бродот во вистинска големина, откако Камерон ги добил оригиналните нацрти од градителот на бродот. Просториите на Титаник се реплицирани според стари фотографии.
Дел од американските медиуми најавувале дека филмот ќе биде вистинско фијаско во холивудската историја. Ниту Камерон не очекувал толкав успех.
Првиот викенд на прикажување филмот заработил 28,6 милиони долари. Што не ветувало многу, бидејќи праксата дотогаш покажала дека следниот викенд заработката се намалува за 40 до 50 проценти.
Титаник, меѓутоа во вториот викенд на прикажување, заработил исто, а третиот уште повеќе. 15 викенди по ред Титаник бил најгледан филм во американските кина.
-Горд сум што создадовме нешто што има своја реалност, вонвременска. Со цело должно почитување кон Кејт и Лео, кои се мои добри пријатели, тие повеќе не се Кејт и Лео, тие се Роуз и Џек. И засекогаш ќе бидат, заклучува Камерон.Утре се одбележуваат 20 години откако гледачите за прв пат видоа како Роуз не успеа да го одржи ветувањето кое му го даде на Џек дека „никога