20 годишнина од матура! Таа со писмо им се обратила на соучениците зошто не сака да ги види!

Аника била изненадена, кога видела дека е поканета на 20 годишнината од матурата. И додека многумина имаат убави сеќавања од средношколскуте денови, таа има болни…Не била сигурна дали може да се соочи со силеџиите, иако поминале 20 години, но напишала писмо и го споделила со сите.
„Драг класу 9Ц,
Ви благодарам на поканата за 20 годишнина од матура.
Не можам да верувам дека помина толку време. Понекогаш чувствувам како да било вчера. Сигурно е забавно кога ќе погледнете на тие години со прекрасни спомени.
За мене, тоа беше најмрачниот период од животот.
Се сеќавате дека го променив класот? Тоа беше за да се ослободам од изненадната тишина кога и да влезев во ходникот, исмејувањата зад грб и ладните погледи. Некои од вас, беа одговорни за тоа малтретирање.

Смешната работа околу малтретирањето, е дека тоа никогаш не поминува. Дури ни по 20 години. Уште можам да ги чујам гласовите во глава, кои ми говореа дека сум бескорисна, иако логички знам дека тоа не е точно.
Сепак, верувам дека сега сте добри луѓе. Можеби некои од вас имаат деца. Во тој случај, се надевам дека никој не ги третира како што вие мене ме третиравте, бидејќи тоа никоју не го заслужува.
ПС. Наместо да ги потрошам парите за пат до Стокхолм и за матурата, ги донирав во организација против силеџии.“Не била сигурна дали може да се соочи со силеџиите, иако поминале 20 години, но напишала писмо и го споделила со сите.
„Драг класу 9Ц

Пронајдете не на следниве мрежи: