Дали сте знаеле дека во Њујорк живеат повеќе од 26.000 луѓе на еден километар квадратен? Или дека островот Менхетен е купен од американските домородци за 24 долари? Всушност Њујорк не само што е најголем град во САД , туку е и составен од 5 различни области: Бруклин, Бронкс , Стејтен Ајленд и Менхетен. Иако мислите дека знаете многу за Големото Јаболко сепак прочитајте ги овие интересни факти:
1.Холандскиот истражувач Питер Минут го купил островот Менхетен од племето Алгонквин за ситни алатки во вредност од само 24 долари.
2.Првото познато име на Менхетн бил Нов Амстердам, што се однесувало на неговиот јужен дел кои имал врска со Холандија
3.Њујорк бил главен град од 1789 до 1790.
4. Њујорчани патуваат во просек по 40 минути секој ден на работа.
5. Повеќе од 47 отсто од жителите на Њујорк на возраст од 5 години по дома зборуваат јазик кој не е англиски.
6. Централ Парк е поголем од Монако.
7.Собранието во Њујорк брои 51 член и е законодавно тело.
8. Просечната продажна цена на стан во Менхетен е околу 1,49 милиони долари.
9. Такси возилата се жолти, бидејќи Џон Херц, основачот на такси компанијата , верувал дека жолтата боја најмногу се забележува со голо око. И тој е во право.
10. Банката за федерални резерви на Њујорк Вол Стрит има подземни комори на 25 метри длабочина каде се чуваат околу 25 проценти од светските златни шипки.
11. Њујорк годишно го посетуваат околу 45 милиони странски и домашни туристи. Тие потрошуваат околу 25 милијарди долари.
12. Просечната цена на хотелските соби е 267 долари.
13. Повеќе од 250 филмови годишно се снимаат на улиците на Њујорк.
14. Во просек 4,9 милиони луѓе транспортираат секој ден во метрото во Њујорк.
15. Системот на њујоршката подземна железница се состои од 26 правци и 6 200 вагони кои застануваат на 428 различни станици.
16. Постојат повеќе од 12.700 лиценцирани такси возила.
17. Во Њујорк работат повеќе од 8.600 ресторани и места каде што се служи храна, а просечната цена на вечера изнесува околу 39 долари (вклучувајќи пијалаци, даночни и бакшиш).
18.Според пописот од 2000 година во Њујорк живеат 8.008.267.
19. Во Њујорк работат околу 790.000 компании.
20. Иако постојат многу легенди за настанувањето на прекарот-Големото јаболко , повеќето историчари се согласуваат дека потекнува од писателот кои следел трки со коњи во 1920 година и пишувал за весникот New Yourk Morning Telegraph.Дали сте знаеле дека во Њујорк живеат повеќе од 26.000 луѓе на еден километар квадратен? Или дека островот Менхетен е
Пронајдете не на следниве мрежи: