20 начини за да бидете СРЕЌНИ, скоро СЕКОГАШ!

Да се биде среќен е едно од најважните нештa што можете да направите за вашето здравје. Доколку не се чувствувате свои во последно време, не се грижете, еве како можете да се доведете во ред…Иако знаеме дека постојано сме подложени на стрес и дека неочекуваното постојано не достигнува, сепак постојат начиини со кои ќе можете да го вратите доброто расположение и да бидете среќни.
Играјте игра (не на телефонот): Соберете го вашето семејството заедно, поканете  некои пријатели, и  играјте некоја игра. Не само што ќе бидете опкружени со добро друштво, туку и пријателски натпревар обично  гарантира добра забава и добра смеа.
Насмевка: Кога се двоумите, насмејте се! Не само што е заразно, туку и со насмевка, исто така, си помагате за олеснување на стресот,го  зголемувате вашето расположение, и му праќате порака на ендорфинот.
Одете на прошетка: Ако нешто лошо ви  се случува и на работа или дома, излезете надвор и прошетајте се. Не мора да биде долго, но токму таа прошетка ќе ви помогне да добиете свеж воздух и го исчистите вашиот ум.
Повик на пријател: Не СМС, јавете се! Повикувајќи близок пријател е одличен начин да ги споделите своите грижи и да добиете совет од некој кому му верувате.
Обидете се со нешто ново: Стоп за вашата рутина со повторување на работите. Одете да јадете во нов ресторан или пронајдете нов пат до работа наутро.
Исклучете се: Смирете го вашиот ум со исклучување на се што е  технологија околу вас и избегнете ги социјалните медиуми за кратко.
Пејте (гласно!): Под туш, во автомобил, насекаде. Ние ви ветуваме дека ќе се чувствувате подобро!
Волонтирајте: Ништо не е толку убаво како чувството кога помагаме на другите. Па зошто да не започнете, уште денес?
Направете листа на благодарност: Многу е лесно да се фокусирате на негативните или на оние работи кои ги немате. Оваа листа брзо го зголемува вашето расположение со рамото тоа што ќе се потсетите за сите работи кои ги имате и сте благодарни ќе станете и посреќни.
Јадете : Омилената храна го подобрува расположението. Затоа кога и да сте депресивни или негативно расположени земете од омилената храна. Се разбира тоа да не биде пречесто.

Практикувајте јога: Дури и познатите личности знаат дека од јогата имаме многу здравствени придобивки. Погледнете  10-минутно виде со јога и започнете. Ќе се чувствувате многу , многу подобро.
Одвојте си време за себе: Можеби ви треба само мала пауза. Наместо да планирате одмор, одвојте време за авантура околу вашето локално соседство. Посетата на нови места може да биде само она што ви треба за да се ресетирате и да почнете да го цените она што се случува околу вас.
Преземете одговорност: Наместо да се заглавите во местото каде што сте, тргнете еден чекор понапред.  Со самото тоа дека се движите во насоката која води до исполнување на вашите соништа ќе ве бидете посреќни.
Забавувајте се во кујната: Дури и ако не сте некој готвач, време е да се обидете да направите нешто. Ако не знаете од каде да почнете,разгледајте некои здрави рецепти.
Медитирајте: Медитација е одличен начин да се развие и да се зајакне врската помеѓу умот и телото. Бесплатно е исто така!
Дадете комплимент:  Предизвикајте насмевка на нечие друго лице со само неколку вистински зборови.
Преуредете го вашиот дом: Ослободете се од нередот и направете некое преместување на работите.Преуредувањето на вашиот простор ќе  направи да се чувствувате како да сте во нов простор.
Останете во овој момент: Наместо да се обидуваат да ја предвидувате иднина или се грижите за минатото, живејте во моментот во кој што сте сега.
Одмарајте се: Доколку денот ви е тежок  исклучете го умот на кратко и одморете се. Кратката пауза, ќе им даде сила на вашиот ум и тело одмор и ќе ви помогне да ги завршите работите поинаку, кога ќе се разбудите.
Се ќе биде во ред: Запомнете! Се ќе биде во ред на крајот…Иако знаеме дека постојано сме подложени на стрес и дека неочекуваното постојано не достигнува, сепак постојат начиини со кои ќе можете да го врати

Пронајдете не на следниве мрежи: