Повеќе жртви се пријавени во Лас Вегас, откако најмалку еден напаѓач отвори оган на музички фестивал во ресортот Мандалеј Беј.Најмалку 20 лица се примени во универзитетскиот медицински центар со прострелни рани, соопшти претставник на болницата во Лас Вегас.
Според засега непотврдени информации, напаѓачот стрелал од 32. кат на хотелот, откако застрелал припадник на обезбедувањето. Гости на хотелот напишаа на Твитер дека полицијата во целост ги затворила хотелот и казиното. Хотелот е испразнет од 29-от кат, во обид полицијата да стигне до 32-от, каде наводно се наоѓа напаѓачот. Според некои извори на западните медиуми, во инцидентот има двајца или тројца напаѓачи.
Полицијата побара да се избегнува областа околу комплексот Менделеј Беј.
Најмалку 20 лица се примени во универзитетскиот медицински центар со прострелни рани, соопшти претставник на болницата во Лас Вегас.