20 знаци од говорот на телото, кои докажуваат дека навистина му се допаѓате

Исто како жените, мажите не секогаш кажуваат што точно чувствуваат , но мажите се издаваат многу повеќе. Тоа е затоа што потсвесно испраќаме знаци со јазикот на телото. Во раните фази на новата врска треба да внимаваш на овие сигнали.

1.Заниците му се зголемени.
Или сте на многу темно место или му се допаѓате. Зениците се шират  кога нешто ни се допаѓа или го привлекува нашето внимание.

2. Веѓите му се поткренати.
Потсвесну луѓето ги креваат веѓите кога им се допаѓа некој. Ако тој ги поткренува малку веѓите кога зборувате, значи го интересира што зборувате.

3. Ги покажува забите.
Мажите престануваат да се насмевнувнаат на 5-годишна возраст, освен ако не се навистина среќни. Не треба да му се гледаат дури ни непцата, но насмевката со заби е добар знак.

4. Широка насмевка.
Вистинската насмевка го поткренува челото. Ако се смешка со целото лице, значи му влијаете добро.

5. Ги оближнува усните. ( На симпатичен, а не морничав начин).
Кога сте привлечни за некого устата дополнително произведува плунка. Како резултат на тоа може да ги облизнуваат усните. (Колку побавно, толку позлобно).

6. Го гледаат вашето лице, а не очите.
Ако барем 80 проценти од времето ве гледаат во очите, носот, и усните значи дека му се допаѓате.

7. Кога ќе ве видат, длабоко земаат воздух.
Да, мажите исто дишат. Со други зборови, се обидува да го привлече вашето внимание.

8. Се наведнуваат нанапред кога зборувате.
Кога тој се наведнува нанапред значи заинтересиран е за тоа што го кажувате. И за вас.

9. Става раце на крстот и лактите му се свртени на страна.
Во оваа поза изгледаат поголеми, со што се обидуваат да демонстрираат физичка превласт над останатите мажи. Значи дека бараат внимание. Вашето внимание.

10. Ве допира по коленото или ви ја поправа косата.
Ова е тест за да се види како ќе реагирате на неговиот допир. Ова може да значи и дека е заинтересиран главно за секс. Ако навистина му се допаѓате, ќе се повлече многу бавно и ќе ви се насмее неприкладно. Тоа значи дека сака да се зближи со вас.

11. Седи со фатени нозе.
Оваа поза ги покажува неговите машки делови, кои се полни со чувствителни нервни завршетоци. Ова е загрозената поза во која може да застане.

12. Ја ротира карлицата кон вас.
Ова покажува сексуална желба…или отсуство на истата.

13. Ги насочува стапалата кон вас.
Нозете се средството за стартување при  опасност и се контролираат од потсвеста. Нозете покажуваат каде срцето сака да биде. Ако го допрете, а тој ги изврти нозете, значи нема интерес.

14. Ги скрстува нозете.
Ако седите еден до друг, но не се сврти кон вас, можеби едноставно е срамежлив.

15. Се приближува до вас при разговорот.
Очигледно сака да е блиску до вас.

16. Зборува со вас, без да е свртен кон вас.
Сепак не брзајте со толкувањето. Ако се обидува да најде заедничка тема и ви поставува многу прашања, говорот на неговото тело може да одговара на неговиот карактер (срамежлив) и може сепак да е фасциниран од вас.

17. Си го допира грлото.
Грлото претставува комуникација и ранливост. Ако го допира, значи има интерес. Контекстот е исто така многу важен. Ако зборувате со некој женкар, тоа може да значи нечесност.

18. Кога се држите за рака ја притиска дланката кон вашата.
Демонстрира желба за близина. Истото важи и за вкрстување на прстите. Отворената дланка значи страв.

19. Ја фаќа вашата дланка додека зборува.
Пораката е јасна. Сака внимание, за да ве импресионира.

20. Оди до вас.
Ако постојано оди два чекори пред вас, значи има посилна врска сам со себе отколку со вас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.