Интересни цитати за озборувањето!

Сите озборуваат, сите се озборувани и сите знаат дека озборувањето не чини. И покрај тоа, една од омилените активности на секоја кафе пауза е токму тоа. Ако сакате да избегнете ваков муабет следниот пат, дискутирајте за следните цитати кои се обидуваат да ја доловат токму вистината за „трачарењето“.
„Огнот и мечот се бавни средства за уништување во споредба со јазикот на озборувачот.“ – Ричард Стил
„Гласината се вика гласина затоа што не е секогаш вистина.“ – Џастин Тимберлејк
„Озборувањето е уметност со која не се кажува ништо на начин што ништо не останува некажано.“ – Волтер Винчел
„Гласината е радиото на ѓаволот.“ – Џорџ Харисон
„Озборувањето е опиум за потиснатите.“ – Ерика Јонг
„Не губете време во објаснување. Луѓето го слушаат само она што сакаат да го слушнат.“ – Пауло Коелјо
„Гласините брзо се шират, но не опстануваат долго како вистината.“ – Вил Роџерс
„Не е важно што правиш и како го правиш тоа, соседите секако ќе озборуваат.“ – Фелдер Рашинг
„Оној што озборува со тебе, ќе озборува и за тебе.“ – Шпанска поговорка
„Денешната гласина е утрешен наслов во медиумите.“ – Волтер Винчел
„Гласината не мора да е лажна за да биде лоша. Има многу вистини кои не треба да бидат кажани.“ – Френк А. Кларк
„Озборувањето меѓу мажите и меѓу жените звучи различно. Жените зборуваат поживописно, кажуваат повеќе детали и добиваат фидбек.“ – Кејт Фокс
„Ако ја задржам тајната во мене, тогаш таа е мој затвореник. Ако допуштам таа да ми се лизне од јазикот, тогаш јас ќе бидам нејзин затвореник.“ – Артур Шопенхауер
„Гласината е некаква вест која истрчала пред самата себе во убав црвен фустан.“ – Лиз Смит
„Никој не кажува дека сака да озборува, но сите уживаат во тоа.“ – Џозеф Конрад
„Озборување е кога ќе слушнеш нешто што ти се допаѓа за некој што не ти се допаѓа.“ – Ерл Вилсон
„Кукавички е да му судиш на некого кој не е тука за да се одбрани. Само ограничените озборувачи зборуваат за луѓе наместо за нешта.“ – Лоренс Ловасик
„Луѓето не го сакаат озборувањето само кога се однесува на нив.“ – Вил Роџерс
„Тројца можат да чуваат тајна само ако двајца од нив се мртви.“ – Бенџамин Френклин

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.