200.000 ВОЈНИЦИ, 1.800 офицери и 2.000 ТЕНКОВИ: Врховниот командант на НАТО објави колкави се руските загуби

Повеќе од 200.000 руски војници и повеќе од 1.800 офицери се убиени или ранети од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, изјави главниот командант на НАТО за Европа, Кристофер Каволи, објави германскиот неделник Шпигел.

200.000 ВОЈНИЦИ, 1.800 офицери и 2.000 ТЕНКОВИ ВО УКРАИНА: Врховниот командант на НАТО објави колкави се руските загуби

Каволи, кој зборуваше како почесен гостин на традиционалната вечера во градското собрание на Хамбург, рече дека „размерите на оваа војна се неверојатни“.

Според него, Русија изгубила повеќе од 2.000 тенкови, а руските сили дневно испукуваат во просек над 23.000 артилериски гранати.

Каволи рече дека НАТО мора да се прилагоди на новата реалност по рускиот напад на Украина.

„Ако некој дојде со тенк, подобро да имаш тенк. Сепак, една од лекциите од Студената војна е дека прецизноста на оружјето е она што е важна. Покрај тоа, важен е производствениот капацитет на одбранбената индустрија. Војната ја добива оној кој може да го произведе најбрзо“, рече Каволи.

Во исто време, генералот на НАТО ја истакна важноста на цивилното лидерство: „Од овој конфликт научивме дека цивилното лидерство е апсолутно неопходно. Тоа може да ја мобилизира нацијата и да ги инспирира партнерите“, рече Каволи, пренесува Klix.ba.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.