200.000 жители на Газа повеќе немаат домови

Најмалку 45 отсто од станбените згради во Појасот Газа се уништени или оштетени од 4 ноември, а 200.000 луѓе повеќе немаат домови, соопшти Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).


Таа палестинска енклава, според податоците на Европската комисија, е едно од најгусто населените места во светот, со повеќе од 500 луѓе на 100 квадратни метри во многу области. Претставници на ОН соопштија дека 14 болници и 71 отсто од установите за примарна здравствена заштита низ Газа се затворени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.