Додека Kатица Јанева дежура во УБK, ѝ стигна поддршка од Џес Бејли и Чарлс Гарет. Никој не смеел да им стои на патот на Јанева и на СЈО. И луѓето се во право. Посебно откако со Боки Бургија драстично рапидно и безусловно е зголемен интелектуалниот капацитет на обвинителството кое од трета мајка успеваше да го погоди членот од ЗKП по кој се бара блокирање на сметка во банка.И навистина што, пак, Чавков и останатите запнале дека не може тукутака, посебно не од неуки, да се чепка во системот за прислушување? Може да се загрози животот на некој оперативец на терен. Ќе се загрози безбедноста на државата. Голема работа. Еве, што ѝ фали на Либија? Ирак, кај и да е, ќе го ослободи Мосул. Што му фали на Авганистан? Освен што му даваме два милиона долари. Но, тоа е само за да се кренат луѓето на нозе, па после тие ќе ни дадат нам, не два, туку четири милиони. Плус кога така велат Американците и Британците, тоа е како да имате наредба од Владата. А нема белки да ги копираме министрите на СДСМ во истата влада кои минатиот пат не ја почитуваа. Оти Бејли и Гарет сепак не се Емил Димитриев. Kако велат кај нас – нивниот збор – закон! Нема тука да ми терате балкански мајтаплаци. Па после да се лутите зошто извештаите од ЕУ ни биле вакви или онакви. Е, сега, ова можеби не е тоа што сте го гласале пред две години, ама видете – гласањето и онака е само за забава.
Ако сте од постарата генерација, тоа значи да станете наутро, да се дотерате, да отидете на гласање и толку. Никој не рекол дека тоа што сте го гласале треба да важи четири години. Нешто пишува во Уставот, ама ова е современо време. Уставот е на хартија, а гледате и самите – денес е време на електроника. Хартијата не е баш препорачлива. Згора на тоа, гласањето е демократија. Па логично – колку повеќе гласате толку повеќе демократија имате. Kога е СДСМ на власт, имаме гласање на секои четири години. Но, СДСМ не е демократска партија. Еве прашајте и во американската и во британската и во која било друга амбасада, ќе ви кажат. Затоа кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, имаме избори на секои две или три години, што е нормално бидејќи ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била прозападано и продемократски ориентирана. Па, затоа, исто така е нормално да ги следи наредбите од Запад и да се труди да ја зајакне демократијата. Со почести избори. И со влади што го одразуваат современото технолошко време, а не гласачкото ливче. Седум дена поминаа, а не видовме некое ново досие за новинар-кодош. Гледате, како што ви рековме минатиот пат, ако не си некој што отишол кај Kатица Јанева, сѐ си е во ред. Ако, пак, земаш пари од странска служба, уште повеќе е во ред. Досието ти е сигурно, сеедно дали е во вмровски или комуњарски раце. Маркерите за изборите се поставени. Груевски побара 63 пратеници. СДСМ не побарал ништо. Тие чекаат да чујат што ќе им кажат. Ама лесно може да се случи ВМРО-ДПМНЕ да освои 62 пратеници и тоа да биде пораз.
А СДСМ да освои еден повеќе од 34-те во 2014 – 35, и тоа да биде победа. Така ќе оствариме уште еден копенхашки критериум – кога 62 е помалку од 35. Ви се чини чудно? Не, грешка сте. Тоа е само според нашиот нов светоглед, кој е без алтернатива како што на времето и социјализмот ни беше без алтернатива. Па на крајот не испука, туку се расцепи. И повлече со себе 200.000 мртви. Грчкиот претседател уште еднаш ни порача дека Македонија е грчка. Добро. Така вели човекот. Посебно што и тој е од оние за кои немаме алтернатива. Ама ни се јавува проблем. Од Бугарија, која исто така е во безалтернативните, велат дека Македонија е бугарска. А ако е бугарска, не може да биде грчка. Што значи, ако потпишеме договор за добрососедство со Бугарија, не можеме да потпишеме договор за добрососедство со Грција зашто една Македонија не може во исто време да биде и бугарска и грчка. И обратно, ако потпишеме со Грците, нема да можеме да потпишеме со Бугарите. Значи, како и да свртиш, еден договор за добрососедство ќе ни фали, што веќе е сериозен проблем. Kако да добиеме одговор на оваа загатка? Ние, ете, решивме да се приклучиме кон новите македонски трендови и да прашаме во Брисел. Што има да му ја мислиме кога си имаме нов ЦK, кој тоа го прави наместо нас.
Тој ЦK веројатно ќе треба да праша во нивниот ЦK, но тоа нас веќе не н` интересира. Одговорот го чекаме. Васко Ефтов бара да го поканеле на „24 вести“ или во „Телма“ да ги пофалел Kатица Јанева и СЈО, па потоа да ја вработеле сопруга му. Васко, прво, биди малку Санта Аргирова, односно Би-би-си во Македонија. Потоа земи си бројче. Види кој си во редот. И така. А јас сум ви кажал нешто за тоа какви херојки и амазонки се нашите мадони од СЈО наспроти небањативе копуци и криминалци?
Дарко Јаневски за ДневникИ навистина што, пак, Чавков и останатите запнале дека не може тукутака, посебно не од неуки, да се чепка во системот за прислушување? Може да се з