Одбојкарската репрезентација на Македонија, во петок, продолжува со квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство, кое следната година ќе се одржи во Полска и Данска.
Вториот квалификациски турнир се игра во Острава, Чешка. Прв противник на Македонија ќе бидат одбојкарите на Хрватска.
Македонија по одиграниот прв квалификациски турнир во Виена, има само теоретски шанси да стигне до второто место кое води во баражот. По турнирот во Виена лидер во групата е Чешка со максимални 9 бода, Хрватска има 6, Австрија 2, а Македонија е последна со еден бод.
По мечот со Хрватска, македонските одбојкари во сабота ќе играат против Чешка, а во недела против Австрија.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: