Конечно, големите и вистински љубители на Македонскиот фудбал ќе имаат можност да уживаат во него на МТВ.
Како што пренесува Драган Николовски на отворената група на „Facebook“ која гласи „Спорт на ТВ“…
„Јавниот сервис со гордост и со особено задоволство ви објавува, Македонскиот фудбал веќе од овој викенд на МТВ“ вели Николовски.
Сабота со почеток од 15,30 часот ќе биде пренесуван натпреварот помеѓу екипите на Работнички и Металург (МТВ 1).
Во недела со почеток од 20,00 часот, ќе биде пренесуван мечот помеѓу екипите на Вардар и Дрита (Собраниски канал).
Одлична идеа, големите и вистински љубители на фудбалот конечно имаат можност да уживаат во мак-фудбалот. Честитки.
Пронајдете не на следниве мрежи: