БАЛКАНОТ И ЕУ: ИНТЕГРИРАНО КОЛО

Европската интеграција сè уште е централната стратешка цел на сите земји од Западен Балкан. Но, кризата во Европа ја менува политичката сцена. Од започнувањето на процесите на приближување меѓу ЕУ и земјите од Западен Балакан, неколку работи се јасни.

За членките на Европската унија причината за интегрирање на земјите од поранешна Југославија и Албанија во ЕУ беше да се стабилизира регионот, додека за балканските земји идејата беше да се искористи овој процес за да се изгради модерна и функционална држава. Сега сите овие критериуми неважат. Никој не знае што носи иднината, бидејќи никој не знае како ќе изгледа ЕУ за една година, а камоли за десет.
Весна Пусиќ, министер за надворешни работи на Хрватска, вели дека кога нејзината земја ќе влезе во ЕУ во јули следната година, ќе се навршат точно 12 години и четири месеци напорна работа од формалниот почеток на процесот, и дека ЕУ кон која Хрватска ќе пристапи не е истата како што мислевме на почетокот кога го започнавме патот на интегрирањето. 
Освен Хрватска, останатите земји, Србија, Македонија, Косово, Црна Гора, Албанија и Босна се во различни фази од процесот на интегрирање, но ќе бидат потребни години пред најнапредната земја од нив, во моментов Црна Гора, да биде целосно подготвена да се приклучи.Сево ова, и што значи тоа, е дискутирано во одличната публикација на Димитар Бечев, од Европскиот совет за надворешни односи „Кризата на еврото не го уби проширување, но таа го испраќа регионот во најоддалечениот круг од ’Европа со повеќе брзини‘ – периферијата на периферијата“. Во минатото, вели тој, „во добрите времиња, Европското јадро ги извезуваше своите просперитети кон нејзината југоисточна периферијата, но сега, во време на криза, истото ова јадро е извозник на нестабилност“.
Балканските економии сега се толку темелно интегрирани во еврозоната, што е навистина изненадувачки, иако начините преку кои тие се интегрираат варира. Еден од начините преку кои тие се интегрираат е преку нивниот извоз во еврозоната, кој е огромен. Дознаките се друг начин, кои пак се особено важни за Албанија и Косово. Но речиси сите показатели укажуваат пад по овие параметри па и таму се чини дека нема простор за оптимизам. Навистина, како што истакнува Бечев, „за сите практични цели, Балканот е веќе дел од ЕУ“.Како резултат на тоа, тој тврди дека „стагнацијата и зголемувањето на нивото на невработеност, особено кај младите, ја урива поддршка за таканаречените реформистичките партии за кои сака да зборува Брисел. Иако балканските гласачи не се свртуваат против Европа, но сега тие сè помалку ќе се држат до ветувањата на ЕУ за светла иднина“. 
Исто така сегашните земји-членки сè повеќе се сомневаат од кога било за тоа колку земјите навистина ги спроведуваат реформите. Всушност, додека во минатото, годишни извештаи за напредокот од Европската комисија беа земени како златен стандард за мерење на достигнувањата, сега некои од земјите на ЕУ особено Германија, почнаа да прават дополнителни проверки. Тие се сомневаат во извештаите подготвени од страна на Генералниот директорат за проширување, бидејќи веруваат дека овој директорат не е баш неутрален. Тие сметаат дека на Директоратот му е од интерес да се одржи целиот процес на проширување, бидејќи во спортивно Директоратот не би имал што да прави.
Грчкиот ефект, исто така, ги менува работите. „На Балканот, европеизацијата одржа ветување за модернизирање и приближување кон богатите и добро управувани земји од ’старата Европа‘“, вели господин Бечев:„Но, незапирливата грчка драма ѝ зададе сериозен удар на оваа приказна. Грција беше пример за земјите во регионот: типична балканска земја која прерасна од партали до богатство, од неразвиена и маргинализирана до просперитетна земја на ЕУ. 
Но, сега Грција е предупредување за опасноста од европеизација без подлабока трансформација.“Трагедијата е во тоа што војните и нарушувањата од последните две децении значат дека додека земјите од Западен Балкан се подготват да се приклучат, тоа може да биде премногу доцна. Тимоти Гартон Еш, британски историчар и коментатор, оди дотаму што предвидува дека во иднина, ЕУ може да преживее само „како палата од оригами (јапонска техника за правење фигури со виткање на хартија) на договори и институции“, на која „постепено ќе ѝ опаѓа ефикасноста и реалното значење, како што во денешно време е Светата Римска Империја којашто постоела во минато“.
Предвидувањето на Гартон Еш може и да е погрешно, сепак, засега балканските земји немаат многу избор освен да продолжат да работат на патот кон членството, иако тие во моментот немаат идеја каков вид ЕУ ќе постои кога тие ќе бидат подготвени за да станат полноправни членки. 
Но, како што Бечев со право тврди, тие треба да бидат охрабрени да го направат тоа на тој начин што ЕУ ќе го преиспита својот пристап кон нив, (тој дава голем број предлози за тоа како треба да се направи ова), велејќи дека “ЕУ сè уште може да биде решение, а не проблем, но само ако ЕУ не се откаже од процесот на проширување за сметка на својата политичка агенда“.

Преземено од „Капитал“

Пронајдете не на следниве мрежи: