Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи упати честитка до сите верници од католичка вероисповед и бискупот скопски и апостолски егзарх д-р Киро Стојанов по повод големиот празник – Раѓањето Христово – Божиќ.– Празникот Раѓањето Христово-Божиќ е симбол на радоста, заедништвото, мирот и благосостојбата. На денешниот ден, срцата на милиони верници се допрени од радосната вест за раѓањето на Спасителот-Исус Христос. Не постои поголем празник кој побудува толкава радост, љубов и хармонија, кој обединува и зближува со силата на љубовта и верата, како празникот на Божјото раѓање. Универзалните вредности на овој празник: љубовта кон ближните, споделувањето и милосрдието се духовен патоказ во животот не само на секој христијанин, туку и на секој човек воопшто. Тоа се вредности кои сите заеднички треба да ги негуваме за остварување на мирот и општата благосостојба, во градењето на светла иднина за нас и за нашите поколенија, се наведува во честитката.
Директорката на Комисијата, Валентина Божиновска во честитката на сите верници од католичка вероисповед им посакува многу здравје, радост, топлина и разбирање во Вашите домови и семејства, и во духот на големата божикна љубов, да ги отвориме нашите срца уште еднаш да ја примат оваа најрадосна вест, радувајќи се на љубовта со која Бог го благослови целиот свет.– Празникот Раѓањето Христово-Божиќ е симбол на радоста, заедништвото, мирот и благосостојбата. На денешниот ден, срцата на милиони верници с