Ниту едно лице не е повредено од силната детонација која се случи вечерва после 18 часот во зграда лоцирана на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово кај локалитетот „Ореов лад“, потврдија екипите на Брза помош и на ТППЕ Куманово, кои веднаш по дојава на граѓани излегоа на терен.Полицијата сѐ уште врши увид во првиот влез од зградата број пет, во кој има 20 стана. Според првичните информации на станарите се работи за експлозија на плинска боца.
Командирот на смена од ТППЕ Куманово, Марјан Гелевски изјави дека нивната екипа веднаш се упатила на локацијата по добивање на повик дека има силна детонација.
– Има повеќе оштетени станови, влезната врата на зградата, влезните врати на становите, а во два-три стана мебелот е оштетен. Не се знае причината од што е предизвикана детонација, односно експлозија, СВР Куманово и инспекторите вршат увид. Тие се на лице место, изјави Гелевски.
Сега е мирно и нема опасност, рече Гелевски и додаде дека истрагата на СВР Куманово ќе ги покаже причините. Тој потенцираше дека оваа е една од посилните детонации со голема моќ во кој се зафатени повеќе станови.
ТППЕ од становите евакуирало дете и повозрасен човек, но и тие се безбедни во моментов, како и останатите станари.
Од СВР Куманово потврдија дека случајот е пријавен во 18:05 часот и оти во моментов увид вршат екипи на СВР Куманово и на Основното јавно обвинителство.Полицијата сѐ уште врши увид во првиот влез од зградата број пет, во кој има 20 стана. Според првичните информации на станарите се работи за