ФБИ ги предупреди американските локални власти за ризик од напади во цркви на Божик и деновите околу овој празник. Нападите би можеле да бидат извршени од поддржувачи на Исламска држава, пренесе Си-Ен-Ен.Органите на прогонот немаат конкретни информации за подготвуван терористички акт.
Предупредувањето се упатува во врска со појавата на некои сајтови поврзани со Исламска држава, на апели за напади во цркви и на места каде што се собираат луѓе за време на празниците околу Божик во САД.
Истовремено властите на Рим го забранија движењето на камиони во центарот на градот во текот на божиќните и новогодишните празници, пренесе ДПА.
Забраната е во сила од 24 декември до 26 декември и од 31 декември до 6 јануари. Исклучоци се направени за камионите со тежина до 3,5 тони за снабдување на храна, пошта, банкноти и медицински производи.
Одлуката е донесена по препорака на полицијата по нападот во Берлин.Дополнителни мерки за безбедност се земаат на 350 локални пазари. На Нова Година е забрането од безбедносни причини да се користат петарди.Органите на прогонот немаат конкретни информации за подготвуван терористички акт.
Предупредувањето се упатува во врска со појавата на некои