Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска до 11 март, 2016 година, престојува во работна посета на Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на 4-от Глобален Баку форум, во организација на меѓународниот центар Низами Ганџави.Претседателот Иванов ќе се обрати на пленарната сесија на форумот, на тема „Состојбата на светот денес и што треба да направиме за клучните предизвици“.
За време на работната посета, предвидено е претседателот Иванов да оствари повеќе средби со учесниците на форумот.
На глобалниот форум ќе учествуваат над 100 актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, како и од бизнис заедниците. Главни теми на собирот се мигрантската и бегалската криза, мултикултурализмот и прашањата за интеграцијата, меѓуверскиот дијалог, состојбите во Украина и преземање на глобална одговорност за Сирија.Претседателот Иванов ќе се обрати на пленарната сесија на форумот, на тема „Состојбата на светот денес и што треба да направиме за клучн