Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.-Денеска, на 23 Октомври го прославуваме денот кога во далечната 1893 година шестмина Македонци сплотени ја создадоа првата семакедонска организација која ги даде основните насоки за создавање слободна, независна и суверена македонска држава. Нивната мисија го обедини народот на Македонија, независно од етничката, верската или јазичната припадност во заедничката борба за слобода, државност и независност. Годините кои следеа носеа жртви и искушенија. Имавме многу изгубени битки и погубени воини. Но, борбата за слобода не запре. Патот до слободата што го започнаа шестемина родољуби, го продолжија нашите комити и партизани, нашите илинденци и борци во Народноослободителната и антифашистичка борба. Пред 25 години, на 8 Септември 1991-та, на нашиот трет Илинден конечно се оствари вековниот стремеж за слободна, самостојна и независна Република Македонија како демократска држава во која сите се рамноправни и еднакви. Славејќи го денот на шестемина основоположници на идејата за слободна, суверена и демократска Македонија, ние се потсетуваме на суштината на овој светол празник. А тоа е дека само кога сме сплотени – победуваме, а кога сме поделени – назадуваме. Денес Република Македонија е поделена повеќе од кога и да било порано во изминатиот четврт век. Внатрешните поделби се одразуваат на државните интереси, на европската иднина на Македонија. Во името на нашите херои од минатото, но и нашите деца, кои се херои на иднината, ве повикувам да смогнеме сили, да се помириме и да се сплотиме. Да изградиме култура на дијалог и компромис, но и чувство за единство околу државните интереси. И, пред сè, да се почитуваме, и покрај нашите најдлабоки политички и идеолошки разлики. Само така ќе успееме кон победите од минатото, да додадеме победи и во иднината. Само сплотени ќе успееме да истраеме на нашиот пат за просперитетна, посреќна и побогата Република Македонија. Нека ни е за многу години Денот на Македонската револуционерна борба! Да живее Република Македонија, порача Иванов.-Денеска, на 23 Октомври го прославуваме денот кога во далечната 1893 година шестмина Македонци сплотени ја создадоа првата семакедонска организаци
Пронајдете не на следниве мрежи: