Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод големиот еврејски празник Пaсха, упати честитка до Берта Романо-Николиќ, претседател на Еврејската заедница во Република Македонија, како и до сите припадници на оваа заедница во Македонија.– Еден од најголемите еврејски празници, празникот Пaсхa во себе ја содржи пораката за слобода, правда и достоинство. Гледајќи наназад низ историјата, празникот го слави ослободувањето на Евреите, но и го отсликува поривот за победа, саможртвата и непокорот на еден народ, пишува претседателот Иванов во честитката.
Македонската историја, додава тој, бележи многу херои и жртви на знајни и незнајни јунаци кои ги поставија темелите на сувереноста на Република Македонија.
– Сите заедно градиме дом на сплотеност и разбирање. Негувајќи ги меѓусебните односи, културата и традициите, градиме дом на соживот и вредности за идните генерации, вели македонскиот претседател во честитката по повод еврејскиот празник Пасха.– Еден од најголемите еврејски празници, празникот Пaсхa во себе ја содржи пораката за слобода, правда и достоинство. Гледајќи нана