Кајакарски спринт во чест на Илинден

Уште еден од низата спортски настани планирани по повод големиот македонски празник се одржа на прекрасното Охридско Езеро.Имено, викендов во Струга, во организација на Кајакарската федерација на Македонија во соработка со Агенцијата за млади и спорт, како и техничка поддршка на кајакарскиот клуб Дрим од Струга се одржа втората меѓународна кајакарска регата „Илинденски спринт”.
Натпреварите започнaa во 09.00 ч со учество на 10-тина клубови од 3 држави Македонија, Србија, Бугарија. Имаше 4 категории (пионери, кадети, јуниори и сениори) во две дисциплини К1(кајак едносед) и К2(кајак двосед) во машка и женска конкуренција на 500м и 200м.
Се извеслаа вкупно 15 трки во сите категории, Во сениоркска конкуренција првото место го освои Константин Дејкоски од ККК Дрим Струга, а во дисциплината К2 заедно со Кочоски ја освоија водечката прва позиција. Второпласиран заврши Александар Јевтиќ од Србија, додека кај девојките првата позиција ја освои Александра Пендовска од ККК ЕХО Охрид. Во јуниорска конкуренција првопласиран беше Бобан Пејчиноски додека во дисциплината кану Ц1 доминираа странските гости Аражина Немања „Забрежје“ -Обреновац, Михаил Федишин -Чипилински -Бугарија.
Од Севкупен пласман на оваа 2-ра Илинденска Спринт Регата најмногу бодови имаше ККК ДРИМ-Струга со што ја зазеде првата позиција, втора позција ККК ЕХО-Охрид а третата позиција ККК Тракија Бугарија. Меѓу присутните на овогодинешната регата беше спортскиот инспектор од министерството за спорт во Р.Бугарија, Г-ѓа Виолета Малева која воедно е сопственик на ККК Чипилински од Пловдив, Генералниот секретар на Кајакарската федерација на Македонија Елена Чуркоска, Спортскиот Директор на Кајакарската Федерација Атанас Николовски како и претседателот на комитетот за спринт Митко Пендовски.
Имено, викендов во Струга, во организација на Кајакарската федерација на Македонија во соработка со Агенцијата за млади и спорт, како и техничка по

Пронајдете не на следниве мрежи: