Насилникот кој направи крвав хорор пред ноќниот клуб Мистик, сам се пријавил во полициска станица. С.Р. кој го претепа 30-годишниот Славе Бирачевски, кој по два дена почина на Клиниката за Неврохирургија, сам го признал делото, пренесе Дневник.Двајцата околу 4 часот по полноќ се скарале во клубот, по што Славе го напуштил местото на настанот. Потоа одејќи на улицата забележале тепачка, а насилникот ги пресретнал и им се спротивставил.
Кога се вратиле во клубот, ги пресретнал С.Б. и почнал да го удира сега починатиот со клоци и тупаници по телото и главата.
Од ударите Славе паднал и останал да лежи целиот крвав во безсознание.
По насилството, напаѓачот влегол во автомобилот и избегал. Набргу тешкоповредениот се освестил, а неговиот другар го качил во автомобил и го однел во Ургентниот центар. Лекарите од Kлиничкиот центар ја известиле полицијата.
Инспекторите веднаш отишле во Kлиниката за неврохирургија каде што бил згрижен повредениот, а дежурниот лекар ги известил дека има тешки повреди, односно фрактури на главата
Иако лекарите дале се` од себе, животот на младото момче згасна.Двајцата околу 4 часот по полноќ се скарале во клубот, по што Славе го напуштил местото на настанот. Потоа одејќи на улицата забележале тепачка, а