Сојузот на пензионери, предводен од претседателот Драги Аргировски, денеска оствари средба со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.По повод 70-годишнината од организираното пензионерско здружување во Македонија, Сојузот на пензионерите на премиерот Димитриев му врачи плакета за благодарност за Владата на Република Македонија заради нејзиниот придонес и соработката која е од значење за интересите на пензионерите.
Како што соопшти владината прес-служба, пензионерите изразиле благодарност до Владата за зголемувањето на пензиите и нивната навремена исплата, за проектите кои се однесуваат на задоволување на потребите на пензионерите, како и за отвореноста на Владата за средби и дијалог за сите прашања кои се од значење за пензионерите.
Премиерот Димитриев нагласил дека еден од врвните владини приорите е поддршката за пензионерите, истакнувајќи дека Владата и во иднина ќе спроведува мерки и активности чија цел е унапредување на позицијата на пензионерите.
На средбата било разговарано и за поголем број теми кои се од интерес за пензионерите, истакнуваат од владината прес-служба.По повод 70-годишнината од организираното пензионерско здружување во Македонија, Сојузот на пензионерите на премиерот Димитриев му врачи плакета за