Денеска цркавата го слави откривањето и преносот на моштите на Св. архиѓакон Стефан. Во некои делови овој светец се нарекува и Стефан Ветровит поради што луѓето се плашат од него и го почитуваат за ветерот да не им го оддува сеното, сламата и да не донесе разни болести.Затоа се верува дека на денешен ден треба да се чуваме од ветрови. Морепловците денешниот ден го сметаат за празник бидејќи свети Стефан им дава ветер за нивните едра.
За свети архиѓакон Стефан не се знаеше ништо по неговата смрт со каменување во Ерусалим. Дури во петтиот век на Кафаргамалскиот епископ Лукијан во сон му се јави Гамалил, учителот на апостол Павле, и му го откри местото на кое почиваа неговите мошти, како и начинот на кој тие стасале дотаму.
Имено, по убиството на свети Стефан, јудејците оставија неговото тело да го изедат пците, така што се до овој век тие беа сосема заборавени. Епископот Лукијан дојде до пештерата што му беше покажана и таму најде се според кажаното.
А кога почнаа да копаат по пештерата се рашири пријатен и добар мирис од светите мошти. Подоцна моштите на свети Стефан беа пренесени во Цариград.Затоа се верува дека на денешен ден треба да се чуваме од ветрови. Морепловците денешниот ден го сметаат за празник бидејќи свети Стефан им дава ве